• БИБЛИОТЕКА>>Билтен  
посетете нè и на:    facebook     youtube                 македонски     англиски          
БИЛТЕН



ЛИНКОВИ

Борче на патерици се вклучи на меѓународните трки во трчање – 14.09.2015 (Дневник)

Порака Неготино на одмор во Дојран - Лето 2015

Со игла и конец Борче може и човек да сошие – 10.03.2015 (Дневник)

Порака за љубов и хармонија од "ПОРАКА" - Утрински весник, 20.02.2015

The life is better together in Poraka - Животот е поубав заедно во Порака

Питијада 2014 - МИА, 19.11.2014


Среќно семејство - тринаесетта емисија 03.11.2014

Статија во Дневник за ПОРАКА НЕГОТИНО

Летен одмор во Дојран

Наместо да венеат во Специјалниот завод, ја живеат дадената шанса (Дневник 11.05.2014)

Нема паралелен свет
за хендикепираните
(Дневник 19.09.2013)


ЛИЦЕ В ЛИЦЕ - 5ти број

Мобилен со камера

Промоција на ЛИЦЕ В ЛИЦЕ

Хуманитарна акција ПОДАЈ РАКА





Нашите поддржувачи


• Фондација Галилеја Швајцарија

• Share-see

• Handicap International

• GIZ

• IWA

• Светска банка

• Германски Црвен Крст

• Американска Стопанска Комора

• Амбасада на Швајцарија во Македонија

• Фондација Институт отворено општество Македонија

• Министерство за труд и социјална политика

• Иницијатива за ментално здравје- Будимпешта

• ЕЛЕМ

• Ludwig Boltzmann - Институт за човекови права (БИМ)

• Банка за храна

• Хабитат

• Американска Амбасада

• Хуманисти-индивидуалци
Посета на Собранието на Република Македонија

Во рамки на едукативната работилница, во текот на месец Мај се разработуваше тематската целина насловена: СОБРАНИЕ, ВЛАДА И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
За таа цел беше организирана посета во Собранието на РМ каде корисниците имаа можност одблиску да се запознаат со работата во Собранието, да ги разгледаат просториите на Законодавниот дом, како и да се сретнат со дел од пратениците и претставници на Собранието.

Задоволни од посетата на Собранието, корисниците наредниот ден го искористија за прошетка низ Старата скопска чаршија, а запалија и свеќа за здравје во црквата Св. Димитрија.
Cooperative Baptist Fellowship во посета на Дневниот Центар во Волково

Во месец маj Дневниот Центар во Волково го посетија претставници од Cooperative Baptist Fellowship од Тексас, Америка.

Преку најразлични креативни работилници, друштвени и забавни игри имавме можност сите заедно да се забавуваме и дружиме.

Од страна на нашите корисници, со помош од асистентите, беа подготвени македонски традиционални јадења.
Донација од Црквата Св. Спас од Трубарево по повод Велигденските празници

Голема благодарност до отецот Бобан и одборот на храмот Св. Георги кои по повод Велигденските празници ги израдуваа нашите корисници со подароци.
Прослава за Василица – Стара Нова Година

Празникот Василица - Стара Нова Година, беше одбележана со палење на оган и традиционалното лебче со паричка.

Паричката ја доби нашиот корисник Пламенчо.

Со овие активности нашите корисници се стекнуваат со знаења за традиционалните обичаи поврзани со верските празници.
НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

По повод новогодишните и божиќни празници корисниците на услугуте на ПОРАКА НЕГОТИНО беа на предновогодишна прослава во ресторанот "Kај Злате".
Новата 2016 година, како и секоја година корисниците ја дочекаа со весела песна, ора и меѓусебно дружење.

Почитувајќи ја традицијата за нашиот голем празник Бадник, во сите станбени заедници празникот беше одбележан со лебче со паричка и богата посна трпеза. Според традиционалните обичаи, оној кој ќе ја добие паричката ќе биде среќен во текот на целата година.
По повод нашиот христијански празник Божиќ, корисниците на услугите на Порака Неготино запалија свеќи во црквата Св. Атанасиј во с. Кучково а исто така беше организиран и традиционален Божиќен ручек.
ПОСЕТА НА УНИЈА НА ЖЕНИ НА ОК-ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

На ден 17.10.2015 година Дневниот Центар во Волково го посети Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Општина Ѓорче Петров. Посетата беше по повод Денот на здравата храна. За време на посетата тие имаа можност да се дружат заедно со нашите корисници.

ПРАВЕЊЕ НА ЗИМНИЦА ВО ДЦ ВОЛКОВО

Како и секоја година поголемиот дел од корисниците учествуваа во подготовка на зимница според нивните можности и способности. Па така оваа година подготвија јуфки, тарана, ајвар, туршија, компот и слатко кои ги користат секојдневно во својата исхрана.



Панаѓур во Неготино


Нашите корисници оваа година беа дел од Неготинскиот Панаѓур со своите производи од креативната и шивачката работилница.

Ги пречекаа своите најмили по повод празникот Богородица во своите домови и се забавуваа.
Правење ајвар

На 22 и 23 октомври, корисниците на ПОРАКА научија како да прават ајвар! Ова беше активност на работилницата за готвење во која корисниците го научија секој чекор во процесот на правење ајвар. Како што можете да видите на сликите, имаше мешавина од забава и учење од страна на сите!

Подготовки за зимскиот период


Во станбените заедници започнаа првите подготовки за зимскиот период преку правење на кори и тарана.


Борче на патерици се вклучи на меѓународните трки во трчање

49 годишниот Борче Атанасов, лице со посебни потреби, со патерици се вклучи во меѓународните трки во трчање кои вчера попладне беа организирани во Кавадарци и стана херој на денот зашто на многумина им покажа како со рекреација треба да се замени прекумерното седење пред компјутер. Тој беше дел од патеката од 3 километри.

- За прв пат сум на ваква трка, многу сакав да учествувам. Имам проблеми со ногата но можам да одам брзо. Само јас бев со штаки тука. Многу сум среќен и горд што стигнав на целта – изјави тој.
Тој и уште петмина други лица со посебни потреби од неготинско "Порака", како и еден волонтер од странство, беа дел од трките и ...

повеќе на - Дневник 14.09.2015
погледни видео
Порака Неготино на одмор во Дојран - Лето 2015
ЛЕТЕН ОДМОР
И оваа година како и останатите традиционално беше организиран годишен одмор на кој присуствуваа дел од корисниците од Службата за организирано живеење со поддршка во заедницата. Оваа година корисниците имаа можност да летуваат на Охридското езеро. За време на одморот корисниците имаа можност да се дружат, забавуваат, бањаат и посетат културни обележја специфични за градот Охрид како туристичко место.
Така покрај пливањето и забавата корисниците го посетија Музејот на вода, манастирскиот комплекс Св. Наум, Биљанините извори како и старата чаршија низ центарот на Градот. За време на прошетките корисниците се запознаваа и стекнуваа знаења за убавините и историските обележја на Охрид.
При посетата на манастирот Св. Наум сите корисници запалија свеќа за здравје. Ваквиот вид на организирање придонесува за поголема социјализација и интеграција но и ја подобрува психо-физичката состојба на корисниците.

НА БАЗЕН





Компјутерска работилница
Две млади волонтерки од Centre for Regional Sustainable Development - CRSD дојдоа денес во Дневниот Центар да им помогнат на корисниците вклучени во компјутерската работилница, работејќи со нив на основни математички поими, учење букви, препознавање животни.
Сакаме да се заблагодариме за нивната помош и ентузијазам, а особена благодарност до Emilija Kachkuta Andonova за соработката.

Завршна вежба на Летен кампус 2015


Голема благодарност до Воена Академија "Генерал Михаило Апостолски" - Скопје за поканата на свеченото затворање на Летниот Кампус 2015 кој се одржа на стрелиште Брест - АП Криволак.

Од страна на питомците беше подготвена показна еднострана тактичка вежба "Спроведување на операции за стабилизација и поддршка".


Дел од нашите корисници имаа можност за прв пат да присуствуваат на овој несекојдневен настан кој уште долго ќе го раскажуваат.
Донација на асистивна технологија


Дел од персоналот на нашата организација заедно со корисниците присуствуваа на обука за користење на асистивна технологија која ја добивме како донација од НВО Open the Windows/Отворете ги прозорците.


Дискутиравме за проблемите со кои се соочуваме секојдневно, а кои со помош на оваа технологија ќе се решат така што лица со тремор, спазам, па дури и слепи лица ќе можат да се вклучат во компјутерската работилница која започна активно да се реализира од месец април со добивање на компјутерска опрема преку проектот од Мировен Корпус.
Посета од питомците од Летниот Кампус 2015


И оваа година беше успешно остварена цивилно воената соработка со питомци и студенти од десет земји на шестиот по ред летен кампус.

Тие на нашите корисници им ја донираа својата еднодневна ужинка и им подарија капи со логото на Воена Академија.

Исто така тие ни донесоа пластични шишиња, како поддршка на нашиот процес на рециклирање и подигање на свеста за здрава средина.

Заедно со корисниците се вклучија во изработка на производи во креативната работилница, играа пинг – понг, кошарка, пикадо.

ЗАПОЧНА ПРВАТА БЕРБА


По долга работа, започнавме со берба на нашите производи како боранија, пиперки, грашок, краставици, патлиџани итн.

Секојдневно имаме здрава и органска храна произведена од нашите вредни раце. Среќни и задоволни сме што и ние допринесуваме да живееме здрав живот.
ПРЕКРАСЕН ВИКЕНД ПОМИНАТ СО НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД ТЕКСАС АМЕРИКА


Во Дневниот Центар во Волково, повторно имавме прекрасно викенд дружење, со нашите драги пријатели од Тексас Америка - претставници од Cooperative Baptist Fellowship.

Викендот беше исполнет со правење скара, музика и пеење добри песни.

ПОСЕТА НА СТУДЕНТИ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Во соработка со институтот за социјална работа и социјална политика, имавме посета од страна на студентите на овој институт. Преку презентации беа запознаени со секојдневните активности и задачи кои ги спроведуваат стручните лица.
Исто така преку презентација, дел од нашите корисници раскажаа за нивните секојдневни активности, работно ангажирање, случувања и новостекнати искуства.

ЈА ЗГОЛЕМИВМЕ ОБРАБОТЛИВАТА ПОВРШИНА И ДОБИВМЕ СОПСТВЕНА ВОДА ЗА ПОЛЕВАЊЕ

Поради зголеменото познавање и осамостојување на нашите корисници во земјоделството, се појави потреба од зголемување на земјоделската површина, садење и одгледување на сите потребни продукти за нашата служба кои можат да успеат во Волково.
Голема благодарност до нашите соседи кои ни ја отстапија нивната замја за да можеме да ја обработуваме и работно да ги ангажираме нашите корисници. Со зголемената обработлива површина, се јави и потребата за поголемо количество на вода за полевање. По консултација со стручни лица започнавме да ископуваме дупка, потоа набивме цевка и на крај целата мака ни се исплати, добивме вода.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ И ПРОСЛАВА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ТРУДОТ 1 ВИ МАЈ

Во дворот на Дневниот Центар во Волково, се собравме целиот персонал од Службата за домување со поддршка во заедницата во Скопје и сите наши корисници, заеднички да го прославиме овој празник.

Пред почетокот на прославата имавме кратка едукација на корисниците, за значењето на овој празник, бидејќи тие почнаа активно, работно да се ангажираат.

На големо изненадување на прославата ни се придружи и менаџерот на нашето здружение со фамилијата. Прославата помина со многу песни, ора и со убава скара.

Учество на драмски фестивал "ИГРИ БЕЗ МАСКА"

Дел од ревијалниот ден на вториот интернационален драмски фестивал за лица со и без хендикеп "ИГРИ БЕЗ МАСКА" - театар без дискриминација.
На овој фестивал нашата организација се претстави со народната приказна "Итар Пејо и Настрадин Оџа", а нашиот волонтер Martin Sharac доби признание за најдобар аматер, за улогата Итар Пејо.

Со заеднички ручек одбележан христијанскиот празник Велигден во станбените заедници во Неготино
Корисниците на Службите за домување со поддршка во заедницата со поддршка од страна на асистентите, го прославија нашиот најголем христијански празник Велигден.
Од вапцувањето на велигденските јајца, одење на црква, па се до традиционалното подготвување на скарата беа активностите во кои уживаа и се забавуваа корисниците.

Велигденски рачни изработки

Разубавете го Вашиот дом со рачните изработки кои деновиве се изработуваат во креативната работилница во Дневниот Центар, а истите се од продажен карактер и ќе бидат изложени на Градскиот Плоштад во Неготино.

Одбележан 8-ми Март денот на жената

Во Дневниот Центар се одбележа празникот на жената 8-ми Март. По тој повод корисниците од посилниот пол им подарија на припадничките на понежниот пол скромен подарок и искрена прегратка.

Учиме Англиски јазик

Мал дел од часовите по Англиски јазик секој вторник и петок редовно ги одржува нашиот волонтер од Мировен Корпус, Брајан Фитцпатрик.







Квиз - Што јадат животните

По неколку дневни подготовки, во Дневниот Центар во Неготино беше организиран награден квиз на тема "Што јадат животните".

По случаен пат корисниците се поделија во две групи, а нашата волонтерка Симона Ташева беше водител на целиот настан.

Победник беше Група А, која доби вредни подароци, а за Група Б имаше симболични награди кои ќе им служат како мотив за следниот квиз да бидат уште подобри и да добијат повредни награди.
ДОНАЦИЈА ОД БАНКА ЗА ХРАНА

Во март годинава Дневниот Центар во Волково го посетија претставници од Банка за храна во Македонија.
Претседателот на Банка за храна-Македонија, г-дин Душко Христов донираше храна и пијалоци за станбените заедници во Скопје.

Соработката со нив е исклучителна веќе подолго време. Тие се запознаени со активностите кои се спроведуваат во рамки на Дневниот Центар и се импресионирани од напредоците и посебниот третман на работа со корисниците.

Нашите корисници и персоналот им изразуваат голема благодарност.
ДОМА               Домување со Поддршка               Дневни центри               ТВ емисии               Видео записи               Контакт

Центар за помош на лица со ментален хендикеп (ЦПЛМХ) ПОРАКА НЕГОТИНО НЕГОТИНО     
Адреса: ул. Киро Крстев бр. 15, 1440 Неготино Р. Македонија;
Тел/Факс: +389(0) 43370720; Моб: +389(0) 75457342; e-mail: gorda_traj@yahoo.com
Лице за контакт: Гордана Трајковска Адреса: ул. Киро Крстев бр. 34, 1440 Неготино Р. Македонија; Моб: +389(0) 75457342; e-mail: gorda_traj@yahoo.com