• ПРОГРАMА >> Дневни центри  
посетете нè и на:    facebook     youtube                 македонски     англиски          
Дневни центри во Неготино и Волково
РАЗВОЈ НА ПРОГРАMАТА
Од 2003 година започна со работа Дневен центар на ПОРАKА НЕГОТИНО во Неготино и од 2012 година Дневен центар на ПОРАKА НЕГОТИНО во Волково, општина Ѓорче Петров, Скопје.
Овие Дневни центри претставуваат сервис за поддршка на лицата со попреченост во менталниот развој кои живеат кај своите родители и поддршка на лицата со пречки во менталниот развој опфатени со процесот на деинституционализација кои живеат во заедницата со поддршка во Службите за домување во заедницата во Неготино и Скопје.
Околу 50 лица со попреченост во менталниот развој ги користат услугите на Дневен центар во Неготино и 30 лица со попреченост во менталниот развој во Дневен центар Волково.
Дневните центри имаат за цел дневно згрижување, социјализација, едукација, работна ангажираност и оспособување за самостојно живеење, како и промовирање на корисноста на лицата со пречки во менталниот развој во општеството. Исто така имаат за цел да им помагаат на родителите на овие лица да можат да го организираат својот живот и да ги извршуваат секојдневните семејни и општествени обврски.
Дневните центри даваат голема поддршка во спрове-дување на процесот на деинституционализација.
Во Дневните Центри се реализираат голем број на активности во склоп на работилниците и надвор од нив.



Активности во Дневните Центри
Креативни работилници
Kреативната работилница опфаќа секојдневна обука за рачно везење и шиење, шиење на машина, плетење, ткаење, работа со тесто, гипс и глина, изработка на честитки, накит и други украсни предмети.
Целта на креативната работилница е поттикнување и развивање на естетски чувства, како и анимирање и работна окупација на самите корисници. Со работилницата раководи обучен асистент, а во неа учествуваат од 8 до 10 корисници.

Работилница за работно окупирање и оспособување

Работилница за готвење
Работилницата за готвење овозможува обука за подготовка на храна, декорирање и послужување.
Секојдневно од 3 до 5 корисници учествуваат во оваа работилница и при тоа се обучуваат за самостојно подготвување на различни видови на храна, како истата да се декорира и послужи, бонтон при јадење, користење и одржување на приборот и сл. Работилницата е раководена од страна на обучен асистент.
Ликовна работилница

Литературна работилница

Работилница за добро однесување-бон тон

Работилница за јазици

Работилница за физикална терапија
Во работилницата за физикална терапија се применува индивидуален и групен пристап за работа со корисниците, а се користи програма на вежби прилагодена според нивните можности.
Преку овие вежби се влијае врз корекции на деформитетите и лошото држење на телото, како и превенција од понатамошни деформитети и слабеење на мускулатурата. Сите корисници се опфатени во оваа работилница, а истата е раководена од страна на обучено лице - физиотерапевт.

Спорт и рекреативни активности
Спортските и рекреативни активности се застапени преку групни спортови (фудбал, кошарка), индивидуални спортови (пинг понг, тенис) и рекреативни игри (карти, домино, не лути се човече).
Сите корисници се поделени во спортски тимови според нивните можности и интереси. Со тимовите раководат обучени лица за спортски активности кои вклучуваат лица со пречки во интелектуалниот развој.
Дневниот Центар располага со спортско игралиште за лица со попреченост.

Едукативни работилници
Едукативната работилница вклучува активности за едукација на корисниците за самоодредување и самозастапување, стекнување на слика за себе, права и одговорности, искористување на заедничките придобивки и донесување на одлуки.
Исто така вклучени се и активности кои влијаат за нивна подобра ориентација во околината, располагање со пари, математика, работа со говорот и сл. Од 10 до 15 корисници учествуваат во работилницата секој ден.
Едукацијата ја вршат стручни лица за работа со лица со пречки во менталниот развој.



Работилница за компјутери
Во согласност со новите општествени текови одредени корисници пројавуваат интерес за работа на компјутер.
Работилницата овозможува стекнување на основни знаења за работа на компјутер и примена на дидактички игри.
Работа во двор
Центарот располага со убаво уредена дворна површина: цвеќиња, дрвја, тревници, пергола. Секојднево корисниците се грижат за нивно правилно одржување со помош на асистенти и при тоа се стекнуваат со вештини кои придонесуваат за нивно поголемо осамостојување.

Драма, музика и танци
Во рамките на Дневниот Центар корисниците имаат можност за подготовка на драми прилагодени на нивните способности.
Досега успешно ја подготвија театарската претстава Итар Пејо и Насрадин Оџа, како и претставата Mрзливата жена и метлата.
Исто така, успешно функционира пејачка група и играорна група кои подготвуваат и изведуваат традиционални фолклорни песни и танци.

Роденденски забави и прослави на други значајни датуми
Во Центарот се прославуваат родендените на корисниците, имендени и сл. Исто така се прославуваат и значајни верски и државни празници на Република Mакедонија.



Екскурзии
Секогаш кога постои можност, корисниците организирано посетуваат различни места во Mакедонија и надвор од Mакедонија, во согласност со Програмата на Дневниот Центар. Досега се реализирани екскурзии во Скопје, Белград, Загреб, Дојран и други.



Работилница за самозастапување

Еко активности

Центар за помош на лица со ментален хендикеп (ЦПЛМХ) ПОРАКА НЕГОТИНО НЕГОТИНО     
Адреса: ул. Киро Крстев бр. 15, 1440 Неготино Р. Македонија;
Тел/Факс: +389(0) 43370720; Моб: +389(0) 75457342; e-mail: gorda_traj@yahoo.com
Лице за контакт: Гордана Трајковска Адреса: ул. Киро Крстев бр. 34, 1440 Неготино Р. Македонија; Моб: +389(0) 75457342; e-mail: gorda_traj@yahoo.com